Куп на Македонија во бодибилдинг: Владе Станковски најдобар бодибилдер, Магнус најуспешен клуб (ФОТО)

Во организација на ББФФМ, вчера во спортската сала ‘ФОРЦА’ во Скопје се одржта традиционалниот натпревар во бодибилдинг и фитнес, „Куп на Македонија 2021“.

Победници на овој натпревар се:

– Рилинд Коџаџику, ББК Атанасовски, Скопје, категорија бодибилдинг тинс до 19 годишна возраст

– Јован Црвенковски, Магнус, Скопје, категорија бодибилдинг јуниори до 23 годишна возраст

– Владе Станковски, ББК Конан, Битола, категорија бодибилдинг ветерани на 40 годишна возраст

– Јован Црвенковски, Магнус, Скопје, категорија бодибилдинг сениори до 80 кг.

– Владе Станковски, ББК Конан, Битолс, категорија бодибилдинг над 80 кг

– Љупчо Цветаноски, Атлета 2003, Скопје, категорија физик јуниори до 23 годишна возраст

– Давид Влајковски, ББК Конан, Битола, категорија физик сениори

– Борче Троковски, ББК О2 Универзал, Битола, категорија класик физик сениори

– Мери Акиевска, Магнус, Скопје, категорија велнес фитнес јуниори, до 23 годишна возраст

– Маја Самарова, Магнус, Скопје, категорија бикини фитнес сениори

– Мери Акиевска, Магнус, Скопје, категорија велнес фитнес сениори

Владе Станковски е прогласен за најдобар бодибилдинг натпреварувач. Според постигнатите резултати најдобар клуб е Магнус од Скопје.

Купот на Македонија беше од квалификациски карактер за избор на  репрезентацијата на Македонија на Балканското првенство кое ќе се одржи во  Дробета Турну Северин во Романија од 11 до 12 јуни.

Според прикажаната форма боите на Македонија на Балканското првенство ќе ги браната: Јован Црвенковски, Давид Влајковски, Ајремин Јусуфи, Владе Станковски, Мери Акиевска, Маја Самарова, Борче Трпковски. Репрезентацијата на првенството ќе ја води претседателот на ББФФМ, Бобан Ѓороски, кој на натпреварот ќе биде дел од судискиот панел на првенството.

Во рамки на Балакнското првенство ќе се одржи и Конгрес на Балканската бодибилдинг и фитнес федерација, кој годинава има изборен карактер и ќе се избира ново претседателство или старото, предводено од двоецот Габриел Тончеан, Романија како претседател и Бобан Ѓороски, Македонија како подпретседател, ќе добие доверба од делегатите на Конгресот за уште еден 4-годишен мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON