Кумите тимовите го зголемија биланост на седум бронзи за Македонија на Балканското првенство

Македонија го заврши Балканското карате првенство за сениори во Подгорица, Црна Гора, со седум бронзи откако денес машкиот и женскиот кумите тим освоија бронзени медали.

Машкит тим загуби од Србија 0-3, а за бронзениот медал славеше над Босна и Херцеговина 3-0.

Женскиот кумите тим се бореше нерешено со Словенија 2-2, но ги продолжи борбите во полуфиналето каде што загубија од Босна и Херцеговина 0-8, а во борбата за бронзениот медал славеа над Србија 2-0.

Да потсетиме, вчера со бронзени медали се закитија Емил Палов, Вахик Весели и Љупче Михајлов, завчера Викторија Јовановска и Вероника Косотовска освоија бронзени медали во категоријата до 61 килограм.

Преостануваат уште настапите во екипна конкуренција.

На Балканското настапуваат 275 каратисти со 298 натпреварувачки влезови од 13 држави.

Резултати – Балканско првенство:

Машки кумите тим (Хаџи Кимов, Мијахлов, Мисини, Павлов, Трајковски, Заборски)

Македонија – Србија 0-3
За бронза
Македонија – Босна и Херцеговина 3-0

Женски кумите тим (Јовановска, Костовска, Мојсовска, Заборска)

Македонија – Словенија 2-2
Полуфинале
Македонија – Босна и Херцеговина 0-8
За бронза
Македонија – Србија 2-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО