Куманово: Утре и во недела се одржува Државното првенство во бокс

Куманово наредните два дена (сабота и недела) ќе биде домаќин на поединечното Државно првенство во бокс за кадети, јуниори и сениори.

Борбите ќе се одржат во спортската сала во Куманово со почеток во 17 часот во сабота, а финалните мечеви во недела ќе почнат во 12 часот.

Државното првенство е последна проверка пред „Златниот гонг“ за одредување на составот на нашата репрезентација.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON