УФЦ се искомпензира со Даниел Кормиер, поради помошта во метежот на УФЦ 229

Даниел Кормиер беше меѓу првите кои се обидоа да го смират Хабиб Нурмагомедов кој ја предизвика масовната тепачка по УФЦ 229. Tогаш ДК влезе во кафезот и се обиде да поразговара со Хабиб, кој за среќа се ги слушнал неговите зборови. Оваа постапка на Кормиер не останала незабележана од УФЦ, а Дана Вајт му ги вратил парите со кои Кормиер си купил билети за настанот:

„Кога сето тоа се случи се обидов да влезам во кафезот и да го смирам, но тие ме турнаа. Потоа Хабиб им кажа дека сум негов капитен и ме пуштија. Влегов кај него и му реков дека треба да се смири, бидејќи не знае што може да се случи. Тој се согласи, но ја побара титулата. Никогаш не го имав видено така.

Купив влезници за настанот за мене и за моите деца. По сето она што се случи Дана ми се јави и ми рече дека ќе ми ги вратат парите што сум ги дал за билетите, бидејќи сум помогнал во решавањето на проблемот. Дана рече дека, по моето постапување – не може да ми земат пари“.

Цените за билетите се движеа од 205 до 2.505 долари, што е добра зделка за ДК кој стоеше близу до кафезот и нема како да е под 2000 долари за место. Кормиер на 3 ноември ќе ја брани титулата во тешка категорија против Дерик Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО