Флојд Мејведер: Конор Мек Грегор е подобар боксер од Канело Алварез

Непоразениот легендарен боксер Флојд Мејведер излезе со многу критики на сметка на Сол Алварез – Канело кој пред неколку дена потпиша со DAZN зделка вредна 365 милиони долари и стана најплаетниот спортист во светот. Ова очигледно не му се допаѓа Флојд и тој одлучува да одговори и да потенцира некои работи.

„Не е важно дали си Канело јадел бифтек со забранети супстанции или не, бидејќи онаа вечер тоа беше најлесната борба во мојата кариера. Конор Мек Китер беше далеку подобар од измамникот Канело, а јас го победив и него. Ми требаа 36 минути или помалку да заработам плус 300 милиони долари. Буквално ми требаше 1 вечер и 1 борба, за да го спечалам тоа, кое ти ќе добиеш за 5 години со 11 битки. Значи, навистина кој печали? Сметај“.

https://www.instagram.com/p/BpFZ3Xggm6Y/?utm_source=ig_embed

Флојд и Канело Алварез меѓусебно имаат една борба пред 2013 година, при што Флојд го ​​порази со одлука на судиите, но очигледно не е задоволен од фактот што Канело влегува во тимот на парите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО