Димитар Ѓоргиев ќе се бори за четвртиот златен медал во кариерата на Европксото првенсво во Братислава

Трикратниот светски првак Димитар Ѓоргиев се пласира во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, совладувајќи го Србинот Милош Цвјетичанин со 3-0 во полуфиналето.

Ѓоргиев во финалето за златниот медал ќе се бори со Рамазан Баксанов од Русија кој го совлада Полјакот Кацпер Фрачак со 3-0.

Ѓоргиев во четвртфиналето го совлада Унал Озлеме (Турција) со 3-0.

И Бобан Илиоски (-81 кг, К1) ќе го напаѓа финалето во борбата со Белорусинот Дмитри  Баранау.

„Димитар победи со 3-0. Супер се избори. Паметно и сигурно, невпуштајќи се во авантури на размена на удари. Сите комбинации му беа одмерени и сугурни. Диме се враќа во форма, четврти пат освои злато за Македонија, само овој пат во ринг“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.

Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале 3-0

Финале
Димитар Ѓоргиев – Рамзан Баксанов (Русија)

-81 кг, К1
Бобан Илиоски – Гај Гошиќ (Хрватска) ¼ финале 3-0 (КО, Р2)
Бобан Илиоски – Дмитри Баранау (Белорусија) ½ финале

-57 кг, кик лајт
Филип Ризов – Матија Форнаро (Италија) 1/8 финале 1-2

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО