Кубрат Пулев се откажа од европската титула

pulev-so-bugarsko-zname

Кубрат Пулев веќе не е европски шампион во супертешка категорија. Пулев се откажа од појасот кој го освои во мај против Британецот Дерек Чисора. Ова го соопшти промотор на Бугаринот, Кале Зауерланд, за германскиот „Билд“.

„Целите со Кубрат ни се многу повисоки од појасот на Европската бокс унија. Целиме на светската титула и патот кон неа започнува на 3 декември во Софија со средбата против Семјуел Питер“, рече Зауерланд.

Веќе се продадени над 8.000 билети за големиот меч. Останати се само празнини во највисоките редови. Одлуката на Кубрат да се откаже од појасот беше очекувана. Тој беше должен да го брани појасот, а главен предизвикувач беше Полјакот Мариуш Вах.

Двајцата требаше да се договорат за борбата, но ги пропуштија сите рокови. Против Питер Пулев има шанса да го освои интерконтиненталниот појас на Светската боксерска асоцијација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО