Тренерот на Ковалев: Ворд доби најмногу 4 рунди!

kovalev-vord-borba

Продолжуваат полемиките по победата на Андре Ворд над Сергеј Ковалев викендов што помина.

Американецот забележа победа на поени над „Крушер“, но не се малку луѓето кои сметаат дека токму Ковалев е вистинскиот победник на средбата.

Слично мислење дели и тренерот на рускиот боксер Џон Дејвид Џексон кој исто така рече не може да поверува оти судиите крај рингот ја бодуваа средбата на слично.

„Дури не разбирам како мечот беше бодуван слично. Сите фанови и коментаторите од ХБО оценија дека мечот заврши во корист на Сергеј. Доминираше во овој дуел. Андре успеа да освои неколку рунди. Му давам најмногу четири. До одреден степен, тоа беше спорен дуел. Мислам дека, сепак, во моментов во целина Сергеј е подобриот боксер“.

Џексон изјави дека според неговата сопствена картичка Ковалев бил со најмалку осум рунди пред Ворд кога финалниот удар на гонгот го означи крајот.

„Ковалев беше напаѓачот во рингот. Тој го направи целиот меч. Му даде неколку рунди на Андре, на кого му признавам дека успеа да преживее по нокдаунот. За мене, соодносот по рунди беше 9-3 или 8-4 во корист на Сергеј. Тој победи на овој меч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО