Кубанците продолжуваат да газат во ВСБ

Куба Домадорес продолжуваат да газат се пред себе и во новата сезона на WSB/ВСБ.

По 5-0 против Колумбијците во првото коло, Кубанците во Хавана со 5-0 ги згазија Узбек(истанските) тигри.

Светскиот шампион од Хамбург, 25-годишниот Јосеван Веитиј го отвори мечот во мува категорија против Худојназар Фајзов (50-44, 49-46, 50-45).

Трократниот светски шампион Лазаро Алварез зголеми на 2-0 со доминантната изведба против Шункор Абдурасулов ​​во лесна 50-42, 50-42, 50-43.

Уште една победа беше потврдена од страна на олимпискиот победник од Лондон и светскиот шампион во 2009 година Рониел Иглесијас совладувајќи уште поубедливо велтерашот Махмуд Гаипов – 50-39, 50-41, 50-41.

Полутешкашот Хулио Ла Круз очекувано го победи Мадијар Сајдрахимов – 50-41, 50-42, 50-43.

Најтешка работа имаше поранешниот јуниорски шампион во светот, супертешкашот Хозе Ларде која со  поделена одлука на судиите го совлада Баходир Јалолов (48-47, 47-48, 50-45).

Астана Арланс во азиската група во Караганда ги порази Индиските тигри со 4-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО