Кубанецот Луис Ортиз го нокаутираше Брајант Џенингс (ВИДЕО)

luis ortiz jennings

Американецот Брајант Џенингс (19-2, 10 КО) кој против Владимир Кличко го доживеа првиот пораз во кариерата, повторно го напушти рингот со наведната глава

Кубанецот Луис Ортиз (24-0, 21 КО) во доминантна претстава го нокаутираше Џенингс во 7-та рунда

Уште во првата рунда Ортиз успеа да го зашемети Џенингс со серија од моќни удари, сепак Американецот преживеа до ударот на гонгот. Брајант успешно се опорави за време на паузата, а потоа почна да одговара на секој удар.

На крајот силата на Ортиз дојде до израз во седмата рунда. Тој успеа да го скрати растојанието и да зададе катастрофален лев аперкат кој го прати Американецот во тежок нокдаун. Џенингс се созеде и успеа да ја продолжи битката, но следниот удар повторно го собори и судијата ја прекина средбата.

„Не го видов Динтеј Вајлдер овде. Ви реков, ова е само почеток на новата ера во тешка категорија, сите мора сериозно да ме сватат“, рече Ортиз.

На прашањето за следниот противник, 36-годишниот Кубанец одговори: „Вајлдер и Фјури. ХБО и Голден бој нека одлучат“.

На настанот во Верона, Њујорк, поранешниот светски шампион на ВБА во перолесна категорија, Николаа Волтерс (26-0-1, 21 КО) беше тешко оштетен во борбата со Џејсон Соса (18-1-4, 14 КО). Иако набљудувачите го имаа Јамајканецот за убедлив победник, судиите го прогласија мечот за нерешен со мнозинска одлука, а еден бодовен судија дури даде и победа на Соса 96-94.

Габриел Росадо (22-9, 13 КО) со едногласна одлука по 10 рунди победи против поранешниот шампион во ИБФ, Џошуа Клотеј (39-5, 22 КО).

https://youtu.be/rfuaPo6gGig

https://youtu.be/RotU0ZRXYF0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО