Ксијаонан Јан ја победи Мекензи Дерн, Содик Јусуф го победи Дон Шаинис со гилотина за половина минута

Кинесата Ксијаонан Јан ја победи со мнозинска одлука Мекензи Дерн на настанот УФЦ Фајт најт 211 во Лас Вегас.

Ксијаонан славеше во главната борба откако двајца судии бодуваа во нејзина корист, двата пати по 48-47, додека третиот беше нерешен – 47-47.

Кинеската на тој начин ја прекина серијата од два порази. По борбата таа ја пофали противничката.

„Знам дека нејзината џиу џица е неверојатна“, рече Ксијаонан Јан и додаде:

„Таа има црн појас, а јас бел појас. Знаев што ме чека во таа борба. Но, напорно тренирав, постојано работев на граплинг за време на подготвителниот камп. Знаев дека можам да ја победам“.

Во конасловната борба Ренди Браун со едногласна одлука го победи Франциско Триналдо, а единствениот прекин во главната програма на настанот беше забележан на мечот меѓу Содик Јусуф и Дон Шаинис.

Нигериско-американскиот борец го победи Дон со гилотина за половина минута.

И Русинот Алексеј Олејник не успеа да го израмни рекордот на Френк Мир по бројот на победи во завршница (во кариерата има седум).

Имено, Швеѓанецот Илир Латифи со едногласна одлука на судиите убедливо го совлада 45-годишниот руски борец.

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 211:
Ксијаонан Јан – Мекензи Дерн – мнозинска одлука (48–47, 48–47, 47–47)
Ренди Браун – Франциско Триналдо – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Раони Барселос – Тревин Џонс – едногласна одлука (30–25, 30–27, 30–27)
Содик Јусуф – Дон Шаинис – завршница (гушење со гилотина), Р1 (0:30)
Мајк Дејвис – Вјачеслав Боршчев- едногласна одлука (29–28, 30–26, 30–26)

Воведни борби:
Даниел Сантос – Џон Кастањеда – КО (удари и колена), Р2 (4:28)
Илир Латифи – Алексеј Олејник – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Хоаким Силва – Џеси Ронсон – ТКО (колено и удари), Р2 (3:08)
Брендан Ален – Кшиштоф Јотко – завршница (гушење од позади) Р1 (4:17)
Челзи Чендлер – Јулија Столијаренко – ТКО (удари), Р1 (4:15)
Гвидо Канети – Ренди Коста – завршница (гушење од позади), Р1 (1:04).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО