Бен Ротвел со молскавичен нокаут во дебито за БКФЦ (ВИДЕО)

Бен Ротвел не губeше време во својата прва борба со голи раце.

Ротвел го имаше своето промотивно деби соочувајќи се со Бобо О’Банон на главниот настан на БКФЦ 30, кој се одржа во Монро, Луизијана.

Влегувајќи во борбата Ротвел јасно стави до знаење дека има намера да ја стави тешката категорија во центарот на вниманието. „Кралот на Кеноша“ го направи токму тоа, соборувајќи го О’Банон за само 19 секунди. Уште од самиот почеток, Бен започна агресивно, а О’Бенон реши да возврати.

Сепак, ова се покажа како лош избор, бидејќи Ротвел го повреди со тешките крошеа пред да го собори во тежок нокдаун. О’Бенон не можеше да се исправи по броењето загуби со ТКО. Така Бен ја доби својата прва борба во БКФЦ и се насочи кон големи работи во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО