„Кралот Ри“: Борбата со „Тенк“ е за лице на светскиот бокс

Остануваат помалку од три недели до големата борба меѓу Рајан Гарсија и Џервонта Дејвис за светската титула на ВБА во лесна категорија, а како што се наближува денот, така се зголемува и исчекувањето за средбата на двете најголеми ѕвезди во боксот денес. „Кралот Ри“ дури верува дека влогот е повеќе од шампионскиот појас – победникот ќе стане заштитно лице на спортот.

„Нема да те лажам, тој е подготвен да се бори. Сака да покаже квалитети. Не изгледа исплашен, но и јас сум подготвен да се борам. Има оган во нашите очи. Кој и да победи ќе стане заштитно лице на боксот. Навистина верувам во тоа. Ќе го нокаутирам!“, изјави Гарсија за време на прес-конференцијата во Беверли Хилс, пренесува БоксСцена.

Двајцата борци допрва треба да го вкусат поразот. Шампионот има 28 победи (26 КО), а предизвикувачот има 23 победи (19 КО). Една од тие совршени статистики ќе биде скршена на 22 април во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО