Жена исфрли боксерски шампион на улица, багажот му е во канти за ѓубре

И шампионите плачат. Во тоа се погрижи поранешниот шампион во тешка категорија, Енди Руиз, кој беше избркан од сопствениот дом. Ова се случило откако неговата сопруга дознала дека боксерот има љубовница.

Откако Американецот со мексиканско потекло беше фатен со Маџели Алонсо, неговата сопруга Џули Лемус со која има 5 деца реши да ја прекине нивната врска.

Таа му рекла дека нема враќање назад и отсега ќе комуницира со него само преку адвокат. Боксерот долго време правел излети, но Лемус му простила заради децата. Но овој пат чашата се прелила.

Таа го избрка од нивниот заеднички дом и тоа не е се. Таа реши да ја изведе својата сурова одмазда така што снимила како ги собира сите негови работи и ги фрла во канти за ѓубре, а потоа ги исфрла на улица.

Сега Енди ќе мора да најде место за живеење, да ја ажурира гардеробата и да се грижи за децата. Сепак, парите не треба да бидат проблем, бидејќи тој досега заработи над 10 милиони долари.

По големиот скандал проговори и Енди. Тој изјави дека ќе продолжи да се грижи за своите наследници.

„Сакам да напоменам дека секогаш ќе внимавам на благосостојбата на моите деца и дека секогаш ќе ја почитувам нивната мајка. Ви благодарам многу за поддршката и ве молам почитувајте го мојот личен простор“, изјави Руиз.

Во 2019 година Мексиканецот го шокираше светот на боксот кога го победи Ентони Џошуа и ги освои титулите на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО