Крафорд го солвада олимпискиот шампион, ги предизвика Турман и Пакијао (ВИДЕО)

Теренс Крафорд во Њујорк ги одбрани светските титули во полувелтер категорија на ВБО и ВБЦ.

29-годишниот Крафворд (31-0, 22 КО) со прекин по 10-тата рунда го победи Феликс Дијаз (19-2, 9 КО). Американцот целиот меч го избоксира во контрагард, како и неговиот противник. Тренерот на 33-годишниот Доминиканец, Џоел Дијаз, ја прекина борбата по едностраната десета рунда. Дијаз на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година го освои златниот медал во полувелтер категорија.

Крафорд по победата упати предизвик на ВБА и ВБЦ шампионот во велтер Кит Турман и ВБО првакот во велтер категорија Мани Пакијао.

https://youtu.be/9I0YYridsNM

https://youtu.be/dyEQFfdIKqw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON