АктуелноБоксПрофесионален

Дирел нокаутиран по гонгот, чичко му го удира Узсатегуи во општиот хаос (ВИДЕО)

Борбата за задолжителен предизвикувач на ИБФ во полутешка категорија во Оксон Хил заврши во тотален хаос.

Андре Дирел (26-2, 16 КО) го победи Жозе Узсатегуи (26-2, 22 КО) од Венецуела со дисквалификација и стана задолжителен предизвикувач на Џејмс де Гејл.

По ударот во гонгот за крат на осмата рунда Узсатегуи со комбинација на удари го урна Дирел. Тоа беше втор пат Узсатегуи да удира по ѕвоното и судијата го дисквалификува. Сепак, по снимката се чини дека боксер од Венецуела не го прави тоа намерно и веќе беше во акција пред самото ѕвонече.

Дирел не можеше да се подигне од подот и во рингот влезе и медицинскиот тим. Потоа избувна и тепачка помеѓу тимовите, а Узсатегуи доби неколку удари од чичкото и тренер на Дирел, Леон Лоусон Јуниор. Полицијата е во потрага по Лоусон, а братот на Андре Ентони Дирел исто така е под полициска истрага. Узсатегуи е под полициска заштита.

Во моменот на прекинувањето на средбата Узсатегуи го добиваше мечот со мнозинска одлука – 77-74, 77-75, 76-76.

 

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON