Мејведер потврди: Борбата со Мек Грегор ќе се случи (ВИДЕО)

Флојд Мејведер потврди дека ќе има меч со Конор Мек Грегор.

Боксерот присуствуваше како ВИП гостин за време на галавечерта во Лондон, каде што Џервонда Дејцис го победи Лијам Волш за три рунди и ја задржа титулата на ИБФ. Мејведер е менаџер на Дејвис и во текот на интервјуто рече дека се радува што ќе биде учесник во со интерес очекуваната галавечер, за која 40-годишниот боксер е многу оптимист.

„Мислам дека со Конор Мек Грегорr ќе го направиме дуелот и мислам дека ќе се случи. Ќе се радувам ова младо дете да биде дел од оваа галавечер.

https://youtu.be/-sNQ0rZ6rOY

Мојата кариера можеби уште не е завршена. Мечот број 50 може да биде против Мек Грегор“.

Претходно оваа недела стана јасно дека Мек Грегор веќе го потпишал договорот од негова страна и во моментов се очекува само потписот на Мани.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО