„Кожувчанка“ главен спонзор на Џудо федерацијата на Македонија

dzudo potpis

Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци и понатаму останува главен спонзор на Џудо федерацијата на Македонија, откако во понеделникот вчера беше потпишан новиот едногодишен договор за спонзорирање, тежок еден милион денари.

На обострано задоволство, новиот договор кој освен парична, нуди и техничка поддршка за организирање на семинари, тренинзи и обуки во одморалиштето „Михајлово“, го потпишаа
претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Ванчо Настов и генералниот директор на „Кожувчанка“, Митко Јанчев. На Јанчев во знак на благодарност за успешната соработка и поддршката, ЏФМ му додели посебно признание за огромната поддршка на џудо спортот во Република Македонија и почесен црн појас – први дан.

dzudo potpis pojas

Во својата изјава за медиумите и двајцата потписници на договорот се согласија дека главна причина за продолжување на договорот за спонзорирање е успешната соработка и освоените медали во текот на 2014 година, но и остварувањето на заедничката идеја за поголема промоција и афирмација на џудото во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО