Ковалев: Од страна на Ворд нема ни глас за реваншот

sergej kovalev gard

Сергеј Ковалев се уште чека, но се уште не добил никакви информации за реваншот со Андре Ворд.

Крушер во ноември минатата година со сомнителни одлука на судиите ги загуби ИБФ, ВБО и ВБА титулите светски шампион во полутешка категорија.

Договорот имаше клаузула за реванш која Русинот веднаш ја активира.

Ковалев вели дека нема никаков напредок во преговорите. Според договорот, Ворд не може да се бори против кој било друг пред да му даде реванш меч на Русинот.

„Од страната на ворд сите молчат, нема никакви информации. Тешко е да се каже што ќе се случи ако не дојде до реванш. Во ова време се занимавам со домашни работи. Ќе почнам да се подготовувам за следната борба штом ќе се вратам во Америка на 20 февруари. Ако Вард не сака да се бори, ќе се бориме со оние кои сакаат да се борат … ќе ги разгледаме опциите, бидејќи мотрам да ја продолжам кариерата“.

Промоторката на Ковалев, Кети Дува, потврди дека нема никакво поместување во преговорите, но се уште се надева дека ќе дојде до другата битка.

„Сергеј се врати од одмор, на која имаше време да патуваат низ светот. Се радува на моментот повторно ќе биде во можност да се подготвува за борба. Се надева дека Ворд ќе си го одржи зборот и ќе му даде шанса да си врати појасите во реваншот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО