Ковалев на Ворд: Подготви се, ќе ти ја завршам кариерата!

Се чини дека Сергеј Ковалев (30-1-1, 26 КО) со многу гнев го чека реваншот со Андре Ворд (31-0, 15 КО).

33-годишниот Американец во ноември минатата година со поделена одлука на судиите го порази Русинот и му ги зеде ИБФ, ВБО и ВБА светските титули на полутешка категорија.

„Синот Божји“ вчера преку Твитер го потврди реванш за 17 јуни и на Русинот му порача овој пат изговорите да ги остави дома.

Ковалев набрзо го испрати одговорот: „Ебачу, биди подготвен! Ќе ти ја завршам кариерата.

Во првиот меч Вард се најде во нокдаун во втората рунда, но успеа да дојде до победа на поени 114-113 кај тројцата судии.

Одлуката предизвика многу коментари и поделени мислења, а Ковалев веднаш ја активира клаузулата за реванш. По неколку месеци преговори, се постигна договор во вторникот.

Ворд и Ковалев ќе одат на заедничка промотивна турнеја во Њујорк, Лос Анџелес и околината на Сан Франциско (Заливот).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО