Хабиб: Не јадев тирамису и не одам во пензија!

Хабиб Нурмагомедов ја прифати вината за неуспешното симнување на килажата пред УФЦ 209 минатиот месец, но не и за обвинувањата на недостаток на професионализам за што го товарат фановите и Тони Фергусон, човек на кого му ја откажа борбата за преодната титула во лесна категорија. Фергусон по откажувањето на оваа мошне очекувана борба рече на емисјата УФЦ Ембедед деак го видел Хабиб како јаде тирамису.

„Би сакал да се борам Хабиб, но немам никаква гаранција дека ќе се појави и ќе ги симне килограмите“, рече Фергусон на ММА часот. „И јас дознав дека јадел тирамису пред неколку недели на Ембадед. Гледав, па што прави тој тип? Сериозно? Тоа е сосема срамно и непрофесионално“.

Но Хабиб тврди дека тирамису не било негово, туку го нарачал некој од неговиот тим.

„Не разбирам зошто луѓето зборуваат за тоа“, рече Хабоб за ММА час.

„Не го јадев тоа. Отидовме во ресторан и заедно се релаксиравме, но само јас симнував килажа. Остатокот од тимот не симнуваше килажа и јадеше сè. Но, јас не допрев ништо од тоа. Ја јадев само мојата храна. Не разбирам зошто луѓето зборуваат за тоа. Некој порачал торта и некој јадел торта, се разбира дека некој јадел торта, но јас не ја јадев. Не направив ништо, но не знам зошто луѓето зборуваат за тоа“.

Нурмагомедов исто така ја негираше наводната приказна на неговиот татко и тренер Абдулманап Нурмагомедов според кој 28-годишникот би требало да се пензионира до 30-тиот роденден.

„Никој не се обидува да ме пензионира. Знам дека татко ми зборуваше за тоа со руските медиуми, а американските медиуми направија поинаков превод. Но, како можам да се пензионира ако треба да се борам за титулата? Сега имам познато име и дури сега големи борби доаѓаат. Каква пензија? Не разбирам кој ги зборува тие работи“.

Хабиб следните неколку месеци ќе ги помине на лекување во Германија, каде што се надева целосно да го опорави од неговото тело, а потоа во септември, сака да се врати во акција и по четврти пат се организира борба со Фергусон.

„Навистина силно ја сакам оваа борба. Ова е лудо. Тоа е борба што ја сакам најмногу на светот … Да ми понудат борбаза титулата или борба против Фергусон, јас би ја прифатил борбата со Фергусон“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО