Оптимизам кај Пинк Пантер пред мечот со Сесвете: Имаме боксери за победи!

Во БК Пинк Пантер искажуваат оптимизам пред сребата со европскиот првак Сесвете од Загреб во Регионалната бокс лига која на распоредот е во петок во Штип со почеток во 19 часот.

„Јас сум оптимист за Александар Ристовски (- 56 кг), сметам дека во најлесната категорија ќе победиме. Во оваа категорија нашиот боксер Ристовски нема конкуренција на Балканот. Верувам дека и Дејан Ристевски (-69 кг) ќе победи, а Гоце Јанески и Марко Доциќ ќе придонесат за позитивен резултат. Важно е дека во Штип ќе гледаме прекрасен бокс, се она што ја краси благородната вештина“, вели претседателот на клубот Илија Младеновски, при што највува дека ново имиња во екипата се Јасин Мифтар и Александар Димовски од БК Аперкат. Димитар Ташков ќе паузира, бидејќи не е подготвен за силниот противник.

„Јасмин е млад боксер за кого веруваме дека преку учеството во Регионалната лига ќе го надгради својот квалитет. И, со искуството што ќе се збогати, ќе му се отворат вратите  за понатамошните успеси“, истакнува Младеновски.

Хрватската екипа Сесвете на рингот во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе излезе како непоразена екипа и во суштина е фваорит и во мечот од 3.коло со Пинк Пантер, но и за првата титула во Лигата..

„Тоа ќе биде спортски настан на годината. Се подготвуваме срдечно да ги пречекаме европските шампиони. Знаеме дека тие се апсолутни фаворити во средбата со Пинк Пантер. Јас би бил задоволен ако победиме во две средби, а моја оценка е дека можеме да стигнеме и до три победи“, вели претседателот на Пинк Пантер.

Од друга страна, Младеновски има нескриен оптимизам дека со почетокот на Македонската лига, бидјеќи нашите боксери ќе имаат повеќе и редовни средби, а тоа значи дека они што ќе се покажат може да настапуваат и во Регионалната лига.

Во Штип, заедно со екипата на Сесвете, ќе допатува и претседателот на Хрватската боксерска федерација Боно Бошњак, кој е и претседател на тренерската организација на ЕАБА. Доколку не биде зафатен со работни обврски во Штип ќе допатува и претседателот на УО на Регионалната лига од Сплит,Јурица Рунтиќ.

„Подготвени сме да спроведеме одлична организација на оваа средба. Верувам дека гостите ќе останат задоволни од приемот во Штип“, додава Младеновски.

Пинк Пантер најевројатно ќе настапи во овој состав против Сесвете:

56 кг Александар Ристовски

60 кг Јасин Мифтар

64 Денис Муаремовски

69 кг Дејан Ристевски

75 кг Гоце Јанески

81 кг Илче Јоноски

91 кг Марко Доциќ

+91 кг Александар Димовски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО