Ковалев и Бивол ќе ги бранат титулите во Њујорк

Сергеј Ковалев (31-2-1, 27 КО) и Дмитри Бивол (12-0, 10 КО) на 3 март во Медисон сквер гарден ги бранат светските титули.

34-годишниот Ковалев кон крајот на ноември ја освои титулата на ВБО во полутешка категорија со нокаут против Вјачеслав Шабрански во Њујорк. Ќе ја брани против шампионот на ИБО, Игор Михалкин (21-1, 9 КО). 32-годишниот Русин кој живее во Хамбург единствениот пораз во кариерата го доживеа на поени од Алексеј Кузиемски во 2010 година.

Бивол по втор пат ќе ја брани ВБА титулата против Саливан Барера (21-1, 14 КО). Единствениот меч на 35-годишниот Кубанец го загуби од Андреа Ворд во 2016 година.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО