Ковалев го нокаутираше Паскал!

Kovalev-Paskal

Шампионот на три боксерски организации во лесно-тешка категорија, Сергеј Ковалев (Русија) ја одбрани титулата во осмата рунда против поранешниот носител на круната Жан Паскал (Канада) на галавечерта во Монтреал.

Средбата беше многу атрактивна. Двајцата боксери разменија тешки удари уште од првиот удар на гонгот. Паскал падна во јажињата по еде моќен напад на Ковалев во третата рунда. Судијата Луис Пабон му броеше. Работите се свртија во четвртата рунда. Канаѓанецот го зашемети својот ривал, но малку подоцна Ковалев повторно ја презеде иницијативата. Сè беше готово во осмата рунда. Тогаш Русинот пласира два убиствени удари со десната рака и судијата ја прекине средбата.

Тоа беше 27-та победа (24 со нокаут) и 1 нерешен меч.

„Не ми се допадна како започна мечот“ – рече по дуелот победникот.

– По четвртата рунда ја имав целосната иницијатива. Пред тоа ме начека со неколку силни удари. Подготвен сум за секакви предизвици , вклучувајќи и натпревар со шампионот на Светскиот боксерски совет, Адонис Стивенсон, -исткана Ковалев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON