Косово-тазе членот на ВКФ ја доби организацијата на Европското првенство за регионите

Doan Osmani borba na Svis open 2016

Најмаладиот член на Светската карате федерација (ВКФ), Косово, ја одби организацијата на Европското карате првенство за регионите во 2017 година.

Ова е голем успех за тазе членот во ВКФ, кој има надежни каратисти, најверојатно од тие причини на Конгресот на Севтската организација е доделена организацијата на ЕП.

Од Македонската карате федерцаија веќе подолого време најавуваат дека нашата земја може да биде домаќин на голема карате манифестација, но, како што стојат работите, ќе треба да  го чекаме наредниот Конгрес.

Во календарот на ВКФ, како врвни настани на овој спорт во Европа за следните години се вклучени: 2016 ВКФ младински камп и Купот во Хрватска, 2016 Европско карате првенство за региони во Турција, Светското првенство 2016 во Линц , Шампионатот 2017 јуниори, кадети и У-21 првенство во Бугарија, Сениорското првенство во 2017 година во Турција и 2017 година Европската карате првенство за регионите во Косово.

Исто така беше одлучено дека во 2021 година Европското првенство за сениори ќе се одржи во Холандија.

Следниот Конгрес на ЕКФ, кој ќе биде од затворен карактер е во Турција во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON