Кормиер: Џонс е толку талетниран што нема значење во која категорија е

Џон Џонс неодамна ја ослободи титулата во полутешка категорија и се закани дека ќе ја нападне онаа во тешка категорија.

Поранешниот шампион во овие две категории, Даниел Кормиер, кој има две борби со „Коски“, го сподели својот впечаток за неговите планови, како и предвидувањата како би се справил со потешките.

„Ако ги имате истите вештини и талент како Џон Џонс, нема да ви биде важно во која категорија сте. Тој може да се натпреварува секаде. Тоа е факт. Може да го сакате, можете да го мразите, но тоа не го менува тој факт.

Тој може да се соочи со секого. Според мое мислење, неговото поминување во тешка категорија не е толку ризично колку што повеќето луѓе се обидуваат да го избркаат од таму“.

Џонс почна да се здебелува и е подготвен да се бори против шампионот Стипе Миочиќ, но има и друга можност – меч со Брок Леснар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО