Шампионот во полутешка категорија Даниел Кормиер ќе ја брани титулата против Ентони Џонсон на УФЦ 210, а „ДЦ“ го предупреди „Рамбле“ – дека мора брзо да го нокаутира, ако не сака да биде поразен по втор пат.
Кормиер ја освои титулата токму против Џонсон, победувајќи го на УФЦ 187. Според шампионот, Рамбле може да го победи само со брз нокаут во првата рунда.
„Неговата единствена шанса е првата рунда. Ако не ме заврши тогаш, значи ќе загуби. Треба да ме нокаутира во првата рунда. Инаку е завршен. Пред мене има премногу патишта до победата“, изјави Кормиер.
„Можам да го натерам да се предаде. Може и да го победам со технички нокаут. Ако во втората рунда на првиот меч имаше уште 30 секунди, средбата ќе беше завршена. Едноставно, ќе го победев на подот, да не скокнеше судијата, за да не сопре“.
ДЦ не смета дека Џонсон може да издржи 25 минути, со вообичаеното темпо со кое се бори.
„Можам да победам и со одлука на судиите. Можам да се борам 25 минути. Но не мислам дека Ентони може да издржи толку време со мене. Тој изгледаше фантастично 15 минути против Фил Дејвис, но мораше да отстапи, а Фил му овозможи да се бори со неговата брзина. Ако се обиде да отстапи и против мене и да не биде толку агресивен, јас ќе го смачкам“.