Петмина борци од УФЦ ги наполниле гаќите за време на мечот (ВИДЕО)

Да влезеш во кафезот и да се исправиш против друго човечко суштество, знаејќи дека гледаат не само илјадници посетители во салата, но и многу повеќе во целиот свет – сигурно возбудувањата воопшто не се мали. Особено кога зборуваме за УФЦ – најпрестижната и следена ММА промоција на планетата.

Поради тоа не е воопшто изненадувачки дека има случаи на борци, кои ја изгубиле контролата за време на борбите и се испуштиле во гаќите. Некои дури отворено го признаваат тоа.

Сега ќе ве потсетиме на неколку случаи од УФЦ, собрани во едно видео. Кај повеќето борци никогаш не е потврдено официјално дека станува збор за измет во гаќите, но дефинитивно работите изгледаат прилично сомнителни.

На пример таква е ситуацијата кај борецот од лесна категорија, Јанси Медеирос, кој изгледа како да има инцидент во дуелот со Џон Макдеси на УФЦ 194. За други борци може и да помине оправданието дека станува збор само за пот, иако е тоа на специфично место, но кај Медеирос нема многу простор за сомнеж, гледајќи ја кафеавата боја. Сепак, тој се справува како вистински шампион во дадената ситуација, а случката не му пречи да забележи победа над Макдеси.

Во ова видео можеме да го видиме и поранешниот шампион во тешка категорија Тим Силвија, кој ја имаше незгодата на средбата со Асуерио Силва. Специфично во случајот е што на Силвија воопшто не му беше гајле за она што се случило, сосема отворено признава дека се испуштил во гаќите.

Место меѓу „жртвите“ на незгода со кафеава боја има и за еден од најдобрите борци во во моментов во УФЦ – Јоел Ромеро, кај кого, исто така, останува сомнежот дали навистина станува збор за пот. Но дали навистина е така?

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО