Конор преговара за двобој со Каубојот

Менаџерот на Конор Мек Грегор изјави дека тој не се враќа во УФЦ заради пари и наводниот дуел со Доналд Цероне – Каубојот веројатно ќе се случи. Долгоочекуваното враќање на Ирецот во УФЦ е закажано за 18 јануари. Поранешниот шампион се очекува да се бори против Доналд Цероне, но тоа сè уште не е потврдено. Менаџерот на Оди Атар, сепак, се согласи дека разговорите се ветувачки.

„Би рекол дека напредуваме со преговорите. Се состанавме со неговиот тим и имавме добра комуникација. Се надевам дека ќе можеме да ја објавиме борбата во наредните недели“.

Самиот Мек Грегор пред извесно време соопшти дека во 2020-тата сака да се бори три пати. Атар ја поддржа неговата желба и изјави дека не е се враќа за пари, туку „Озлогласениот“ сака да биде активен и да докаже дека е најдобар.

https://www.instagram.com/p/B5AUpbtJyW5/?utm_source=ig_embed

„Видете, во периодот кога ги добиваше битките – тогаш тој се бореше често. Не се бореше еднаш во годината, тоа го правеше почесто и беше активен. Повеќе нема нужда да се бори за пари. Сонувате за нешто што никој друг не би го постигнал. И сега повторно го прави токму тоа “.

Мек Грегор не влегол во октагонот откако беше поразен од актуелниот шампион во категоријата, Хабиб Нурмагомедов, во октомври 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО