Иранскиот Хулк потпиша за БКФЦ и ќе боксира со голи раце

Сајад Гариби, кој пошироко е познат како „Ирански Хулк“ потпиша договор со БКФЦ/BKFC и ќе боксира со голи раце. Гариби е висок 1,88 см и тежи 180 килограми. Саид е роден на 19 декември во Иран, како дете се заинтересирал за кревање на тежина. Заради неговиот физички изглед ги доби прекарите „Ирански мечка“ и „Персискиот Херкулес“.

https://www.instagram.com/p/B3zk9OBhcA7/?utm_source=ig_embed

Минатата година имаше гласини дека ќе дебитира во ММА против Мартин Форд, но тоа никогаш не се случи. БКФЦ објави дека потпишале со него и дека ќе го направи своето деби некаде во 2020 година, но не е јасно со кого и каде. Тие ќе направат настан насловен како „Трета светска војна – Соединетите држави против Иран“.

„Овој човек ќе го направи своето деби во БКФЦ во 2020 година. Ќе организираме настан под наслов „Трета светска војна – против Иран“. Тоа е најголемиот трансфер во историјата“, изјави Дејвид Фелдман, претседателот на организацијата..

Веќе се работи на потрагата по неговиот противник. На крајот од видеото од премиерите на БКФЦ 9 може да се види како е објавена жалбата на Гариби.

https://www.youtube.com/watch?v=ytdsJEqdzkY&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО