Работилница за деца со аутистичен спектар на нарушување

На 1 и 8 декември (недела) во Скопје ќе се одржи хуманитарна работилница за дечиња со аутистичен спектар на нарушување и моторни потешкотии во доџото за Нинџа и Самурајски вештини „Буџинкан Македонија“, а учесниците ќе бидат поделени во две групи.

Настанот ќе биде бесплатен и ќе се одвива под будното око и во соработка со дефектолозите од Здружението за рана стимулација, развој и игра кај деца – „Креатива Исток“, како и од „Логотека Пеперутка“.

Прва група: од 11.00 – 13.00 часот (со аутистичен спектар на нарушување)
Втора Група: од 13.00 – 15.00 часот (моторни потешкотии)

Заради поквалитетна работа, бројката во секоја група е ограничена на 10 дечиња.
Затоа се замолуваат родителите на учесниците да го најават присуството на Работилницата преку телефонот 075 564 011.

На настанот ќе биде одржан час по јапонска јога, а ќе се практикуваат и разни вежби од страна на дефектолозите и логопедите.

Работилницата е наменета за деца од 4 до 10 години и истите треба да бидат облечени во комотна облека (тренерки, дуксери) без патенти и копчиња.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО