Конор Мек Грегор: Војната не е завршена, ќе го фатам Хабиб

Конор Мек Грегор е подготвен да го фати Хабиб Нурмагомедов. 32-годишниот Ирец копнее за реванш откако Хабиб го победи во 2018 година. Викендов, „Озлогласениот“ се враќа во кафезот за да се бори против Дастин Пориер. Нивната борба е во лесна категорија и главна на УФЦ 257, што ќе се одржи во Абу Даби. Мек Грегор смета дека битката со Нурмагомедов е далеку од завршена и дека треба да има реванш.

Конор и Хабиб продадоа рекорден број на ППГ и нивната борба е најпродавана во историјата на организацијата. И Дана Вајт сака втор судир меѓу нив, но Нурмагомедов инсистира на тоа дека ќе се повлече. Мек Грегор за медиумите изјави дека Хабиб ќе се раздели со појасот во блиска иднина.

„Ќе го фатам Хабиб Нурмагомедов. Не ми е гајле што рече. Всушност, Хабиб не рече дека сака да се врати. Дана Вајт го рече тоа. Постојат многу предизвици во категоријата.

Војната со Хабиб не е завршена. Тој имаше проблеми во неговиот личен живот и не му посакувам лошо. Сè што се случи меѓу нас се случи во 2018 година. На навивачите им е потребен овој реванш, а на спортот му треба.

Ова е тежок спорт. Мислам дека треба да му ја земат титулата ако тој продолжи да трча и не сака да се бори. Сигурен сум дека тоа ќе се случи по оваа битка. Ако тој не сака да се бори, тогаш нема да го бркам.

Заинтересиран сум да слушнам со какви изговори ќе излезе по мојата борба. Предвидувам дека ќе му ја одземат титулата. Се вратив во категоријата. Ќе ти покажам што е тоа. Го започнувам овој викенд против Пориер“, рече Мек Грегор за неговиот лут непријател, кој го натера да се предаде и понижи пред целиот свет.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО