Конор Мек Грегор со најмногу следбеници на Инстаграм

Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, е најследениот ММА борец на Инстаграм. 32-годишниот Ирец може да се пофали со 38 милиони луѓе кои го следат.

„Озлогласениот“ го остава зад себе горкиот противник Хабиб Нурмагомедов, кого го следат 26,4 милиони луѓе. По нив следи поранешната шампионка Ронда Русеј, која веќе не се натпреварува.

Зубаир Тухугов, која е пријател и соборец на Хабиб Нурмагомедов, исто така е во топ 10 на ова рангирање. Тухугов е дефинитивно изненадувањето на оваа листа. Зад себе остави легенди како Жорж Сент Пјер, Даниел Кормиер и Жозе Алдо.

Ова се 15-те ММА борци кои имаат најмногу следбеници на Инстаграм:

1. Конор Мек Грегор – 38 милиони
2. Хабиб Нурмагомедов – 26,4 милиони
3. Ронда Русеј – 13,2 милиони
5. Џон Џонс – 5,5 милиони
6. Нејт Дијаз – 4,6 милиони
7. Израел Адесања – 4 милиони
8. Андерсон Силва – 3,7 милиони
9. Зубаир Тухугов – 3,2 милиони
10. Жорж Сент Пјер – 3 милиони
11. Жозе Алдо – 2,5 милиони
12. Даниел Кормиер – 2,7 милиони
13. Пејџ ВанЗант – 2,7 милиони
14. Хорхе Масвидал – 2,6 милиони
15. Тони Фергусон – 2,4 милиони

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО