Како Мајк Тајсон се одмазди за Мухамед Али (ВИДЕО)

Во 1980 година, боксерската легенда Мухамед Али старееше и се ближеше крајот на неговата кариера. На 2 октомври се соочи со Лари Холмс во меч за светската титула. Мухамед Али го загуби мечот, а во публиката во тоа време беше и 14-годишниот Мајк Тајсон.

Младиот боксер беше однесен на мечот од неговиот тренер Кус Д’Амато и жали за поразот на својот идол. Дури и по последниот удар во гонгот, Тајсон се сврте кон својот тренер и се заколна дека ќе му се одмазди на Лари Холмс.

„Кус навистина сакаше да го победам. Бев навреден од начинот на кој го победи Али. На враќање кон Катскил, никој не рече ниту еден збор во автомобилот. Сите бевме многу растрвожени. Следното утро, Кус му се јави на Мухамед Али и му рече: „Тука имам едно мало црномуресто дете, кое еден ден ќе биде светски шампион и сакам да разговараш со него“, рече Тајсон.

„Го зедов телефонот и му реков:„ Кога ќе пораснам, ќе се борам против Холмс и ќе му се одмаздам за тебе​​“.

Седум години подоцна, Тајсон се сретна со Холмс, а Мухамед Али беше поканет како гостин во аголот на Тајсон. Легендарниот боксер му шепна на увото на Мајк: „Не заборавај што ми вети! Одмазди ме!“

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=2zZ9Nr9uJoc&feature=emb_logo

Тајсон буквално го разби Холмс. Го собори трипати во четвртата рунда и го заврши мечот. Така тој успеа да ја одбрани титулата и да го исполни ветувањето до Мухамед Али.

Голема болка за Тајсон е што неговиот тренер Кус Д’Амато повеќе не е жив и не може да биде сведок на ова ветување. Човекот кој го посвои Тајсон почина една година пред Мајк да стане најмладиот шампион во тешка категорија на само 20 години.

„Сакав да бидам голем шампион, да се борам, да ги нокаутирам своите противници. Доаѓам од никаде, човек со мое потекло и мои родители – мајка ми беше проститутка, а татко ми макро. Го запознав Кус Д’Амато и ме однесе на места каде што не сум сонувал да одам. Сè што ми рече Кус се оствари – дека ќе бидам светски шампион и дека никој никогаш нема да ме заборави“, вели Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО