Конор Мек Грегор се откачил до утринските часови во Лас Вегас (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор уште еднаш покажа и докажа дека знае како да се „забавува”! УФЦ шампионот жестоко го прослави својот пораз против Флојд Мејведер и зарботката на 30 милиони долари во боксерскио меч и тоа на специјална забава која негова чест беше приредена во познатиот клуб и казино Encore Beach Club во Лас Вегас.

На забавата се појавија стотици и илјадници обожаватели на Мек Грегор, а кога Мек Грегор конечно стигна во клубот, атмосферата се запали. Познатиот Ирец се искачи на сцената, го загарна ирското знаме, го зеде микрофонот во рацете и го презеде шоуто.

Медиумите пишуваат дека алкохол течел во потоци, а дека забавата на која се појавиле многу познати личности и пријателите на Мек Грегор траеле до утрото. Откако УФЦ шампион ги потпишал сите автограми и се сликал со сите фанови, се опуштил во сепарето каде што го чекале друштво и убавици.

Еве некои видеа од забавите на Мек Грегор кои ја доближуваат атмосферата:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО