Најдобриот боксерски меч допрва доаѓа!

Најдобариот боксерски меч допрва доаѓа. Така одлучи ХБО Боксинг да го промовира претстојниот голем двобој на 16 септември меѓу Сол Алварез – Канело и Генади Головкин.

Очигледно е дека компанијата се одлучиле да ги иритираат конкурентите од Шоутајм кои долго време и трубеа на навивачите за „Борбата на годината“ (а и според маркетинг кампањата – „на сите времиња“) помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор.

За разлика од Мејведер – Мек Грегор, кои настојуваа да ги подобрат финансиските рекорди за настан од боречките спортови, Алварез и Головкин ќе се борат во меч за обединување на светските титули на ВБА, ВБЦ и ИБФ – во три од четирите боксерски федерации – во средна категорија. Канело Алварез има 49 победи, 1 нерешена и 1 пораз во кариерата, а е поразен само од Флојд Мејведер. Головкин е не ја осетил горшината на поразот во 37-те професионални борби.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО