Конор Мек Грегор се враќа во старата форма и пак сите ќе ги претепува

Многу навивачи го споредуваат Израел Адесања со Конор Мек Грегор кој од 2013 до 2015 година газеше конкуренцијата и заработуваше бонуси и титули. На „The Style Bender“ допаѓа Озлогласениот и смета дека наскоро тој ќе се врати во старата форма и пак ќе доминира. Адесања тврди дека и двајцата се обидуваат да стигнат на истото место, но начините се различни.

„Многу ми се допаѓаше Конор Мек Грегор кој пред години влезе во организацијата и имаше огромна страст спрема борбите. Тоа ме инспирираше. Работите се променија, почна да се интересира за пари, скорови, ППГ и слични нешта. Не го познавам добро ова момче, но ги гледам неговите видеа на социјалните мрежи и мислам дека ќе си ја врати старата психичка форма.

Денес сме гладијатори. Тешки копилиња сме и сите го знаеме тоа. Мислам дека Мек Грегор ќе си ја врати формата од пред неколку години и сите ќе ги претепува. Тогаш тој сакаше да се бори. Мек Грегор го следи неговиот пат, а јас си имам мој пат.

Тоа е добро во овој спорт. Сите сакаме да стигнеме до истото место, но имаме различни патишта. Сакам да ги победам сите и да ме запаметат како најдобар. Кога ќе го направам тоа, тогаш парите и скорот ќе си дојдат сами“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО