Конор Мек Грегор се осврна на мечот против Мајкл Чендлер: Се чувствувам силен

Неодамна, претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, потврди дека Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер ќе бидат тренери во новата сезона на „The Ultimate Fighter“.

Телевизиското шоу на најголемата светска организација ММА започнува со емитување на крајот на мај и завршува кон средината на август.

По завршувањето на сезоната тренерите ќе се соочат во октагон и во лесна категорија.

Чендлер најави дека ќе го нокаутира Мек Грегор.

„Конор е поголем и поширок, зафаќа повеќе простор со својот гард. Но, јас сум како проектил и ќе направам да ме почувствува“, изјави Мајкл Чендлер и додаде дека Ирецот ќе го заврши во втората рунда.

Големата ѕвезда на УФЦ конечно се одгласи за претстојната борба против Чендлер.

„Се радувам на моето враќање. Се чувствувам силно и подготвено. „Хајкиковите“ ми се побрзи од предните директи. Навистина сум возбуден поради моето враќање“, изјави Конор Мек Грегор во интервју за Дејли Мирор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО