Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Мајами Хит со 108-95 во четвртиот меч од финалето на НБА на гостувањето во Мајами и поведоа со 3-1 во серијата.
Гостин на мечот беше Конор Мек Грегор, кој за време на паузата приреди шоу со Барни, маскотата на Мајами Хит.
Големата ѕвезда на УФЦ се појави во промоцијата на ТИДЛ (TIDL), криотераписки спреј за ублажување на болката.
Барни му пријде на Мек Грегор облечен во пар големи златни боксерски ракавици.
Конор го сфати тоа како предизвик и ја нокаутира маскотата. Барни остана да лежи на теренот, а менаџерите го одвлекоа во соблекувалната.
Conor McGregor KO'd the Heat mascot 😅 #NBAFinals pic.twitter.com/IRAKzuMKp2
— SportsCenter (@SportsCenter) June 10, 2023