Конор Мек Грегор откри кога ќе се врати во УФЦ

Конор Мек Грегор откри кога ќе се врати во кафезот на УФЦ.

Поранешниот шампион на УФЦ во две категории изјави дека по завршувањето на снимањето на филмот „Роудхаус“ ќе се врати во октагонот. Снимањето на филмот во моментов продолжува. Премиерата на филмот се очекува да биде некаде во 2023 година.

„Роудхаус“ ќе биде римејк на филмот „Роудхаус“ од 1989 година, со познатиот актер Патрик Свејзи кој почина во 2009 година.

„Се чувствувам неверојатно самоуверено. Многу мирно. Без емоции. Знам што треба да направам и ќе направам се за тоа да се случи. Снимањето завршува и ќе се вратам.

Додека да излезе овој филм, ќе имам неколку борби. Борбата е полесна од глумата во филмови“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.

Мек Грегор не се борел откако ја скрши ногата во борбата со Дастин Пориер на УФЦ 264 во летото 2021 година. 34-годишниот ирски борец не престанува да тренира во последно време. За жал на неговите фанови, Конор не е на списокот на борци на УСАДА кои даваат примероци.

Тој мора да се врати во базата на податоци на УСАДА по 6 месеци давање чисти примероци. Ако Мек Грегор го направи тоа наскоро, тогаш ќе има зелено светло за борба во април 2023 година. Мек Грегор не може да се бори пред април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО