Конор Мек Грегор: Можам да го победам дагестанскиот стил

Конор Мек Грегор е уверен дека има алатки за да го победи Ислам Махачев откако го гледаше УФЦ 280 во Абу Даби.

Махачев (23-1 ММА) во главниот настан се соочи со поранешниот шампион во лесна категорија, Чарлс Оливеира (33-9 ММА). Махачев го заврши Оливеира и го освои појасот. Набргу, по завршувањето на настанот, поранешниот двократен шампион ја кажа својата оценка за борбата и изрази уверување во борбата против Махачев.

Пред 4 години Мек Грегор го сподели кафезот со Хабиб Нурмагомедов. Конор беше принуден да се предаде во 4-та рунда. Тогаш не успеа против Хабиб, но сега тврди дека изградил систем кој може да го победи дагестанскиот стил.

„Убава борба. Убава егзекуција. Ги изградив сите алатки за да го победам тој стил. Искуство наспроти срање. Во клинчот ќе фрлам удари што ќе го скршат неговото лице. Остатокот од мојот репертоар го знаете.

Помислата да го исклучам овој борбен систем со мојот сопствен развиен систем е доста интригирачки за мене. Не е важно против кој. Тоа не е лично. Тоа е проценка на вештини и битка.

Имам систем кој ќе му наштети на овој стил на борба, ви велам луѓе. Овој човек е срање. Дебел, затвори ја дебелата уста. Денес не направи ништо друго освен да пркоси на волјата на татко ти и избега.

Планот на татко ти не успеа, пријателе. Ти го знаеш тоа. Вашите луѓе го знаат ова и зборуваат за вас“, изјави Мек Грегор во објавите што подоцна ги избриша.

Мек Грегор моментално е зафатен со снимањето на римејкот на култната класика Роуд хаус, но се очекува да се врати во октагонот некаде во 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО