Конор Мек Грегор ќе го победи Тони Фергусон, смета Еди Алварез

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Еди Алварез смета дека Конор Мек Грегор би го победил Тони Фергусон, доколку се сретнат.

Алварез, моментално е во редовите на ОНЕ Шампионатот, дискутира за тоа какви му се шансите на неговиот поранешен противник против врвните борци на УФЦ во лесна категорија.

„Мислам дека Конор ќе го победи Тони. Посакувам да го видам против Гејџи, со тешкотии ќе го победи, но сакам да ја видам оваа борба. Не ми се допадна неговиот стил против Хабиб. Не мислам дека Конор има доволно искуство да ги надмине тешкотиите со кои ќе се соочи во битка со Хабиб“.

https://www.youtube.com/watch?v=guebFLBAax0&feature=emb_logo

Еди Алварез ја загуби титулата во лесна категорија во УФЦ од Конор Мек Грегор во ноември 2016 година со ТКО во втората рунда.

Во моментов, Мек Грегор нема нов противник, а и долго време е надвор од овој спорт.

Во меѓувреме, Фергусон има закажана битка со Џастин Гејџи на 9 мај во Флорида. Победникот на овој меч, најверојатно, во септмеври ќе се соочи со шампионот Хабиб Нурмагомедов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО