Конор Мек Грегор уште еднаш се прогласи за најдобар ММА борец во светот.
Поранешниот двократен шампион на УФЦ напиша објава на социјалните мрежи, која подоцна ја избриша. „Ноториус“ напиша дека тој е крал, но и најдобар, без разлика на тежинската. Ако ја погледнеме ранг-листата на УФЦ, тогаш ќе видиме дека Мек Грегор не наоѓа место во топ 15 во ниту една од категориите.
Причината за тоа е што Конор е неактивен веќе 2 години. Последен пат се бореше со Дастин Пориер во јули 2021 година. Мек Грегор ја скрши ногата и загуби од ТКО во прват рунда. Ирската ѕвезда беше тренер на ТУФ сезона 31 против Мајкл Чендлер, каде што неговите борци досега забележаа 0-4.
Се очекува Мек Грегор да се бори со Чендлер, но тоа нема да биде оваа година. Тој не можеше навреме да се врати во програмта за тестирање на УСАДА и нема да смее да се бори во 2023 година.
„Јас сум кралот. Јас сум најдобар на светот, без разлика на тежинската категорија”, напиша Мек Грегор.