Конор Мек Грегор: Јас сум Ирска, лебарки!

Суперѕвездата на УФЦ Конор Мек Грегор ги потсети сите дека тој е заштитно лице на Ирска.

„Озлогласениот“ конкретно им се обрати на сите негови хејтери, за кои вели дека се лебарки. Поранешниот двократен шампион има милиони фанови ширум светот, но и неговите хејтери не се малку. Еден дел од нив го мразат поради неговите успеси, а друг поради неговите снимања во приватниот живот.

„Јас сум Ирска! Вие, малечки лебарки, не заборавајте“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.

Конор веќе почна напорно да тренира откако се опорави од скршеницата на ногата. Се очекува да направи големо враќање на почетокот на 2023 година. Во последно време се шпекулира дека УФЦ сака тој да ги одмери силите со Џастин Гејџи во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО