Конор Мек Грегор и Шон О’Мели се сретнаа во Калифорнија (ВИДЕО)

Две од најголемите sвезди на УФЦ моментално се сретнаа на стадионот Софаи во Инглвуд, Калифорнија. Конор Мек Грегор и Шон О’Мали се сретнаа за време на натпреварот меѓу Далас Каубојс и Лос Анџелес Чарџерс.

„Шугар“ објави видео од нивната средба на социјалните мрежи. За жал, нема тон и не можеме да слушнеме за што зборуваат. Шон сигурно ќе открие повеќе детали во следните неколку дена за средбата со „Озлогласениот“.

О’Мели никогаш не криеше дека му се восхитува на Мек Грегор. Пред извесно време Шон дури рече дека сака да ја гради својата кариера врз моделот на Мек Грегор. Мек Грегор во моментов се опоравува од операцијата на скршената нога.

Шон, пак, е на врвот на бранот. Тој е во серија од 2 последователни нокаут победи кои ги забележа оваа година и заработи бонуси. Се очекува да направи уште една борба оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО