Дилан Денис уапсен (ВИДЕО)

ММА борецот на Белатор и роднина на Конор Мек Грегор, Дилан Денис, е уапсен од полицијата. На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на „Ел Хефе“, кое брзо стана хит и се здоби со популарност. Медиумите во САД пренесуваат дека апсењето се случило пред бар во Њуџерси.

Причината за притворот на Денис се уште не е откриена. Набргу по апсењето, Денис на социјалните мрежи напиша дека на луѓето им треба некој како него. Се разбира, ова се зборовите на Конор Мек Грегор што ги напиша години по поразот од Хабиб Нурмагомедов.

Во последниве години, Мек Грегор честопати имаше проблеми со властите, а јасно е дека Денис тргна по неговите стапки. Дилан толку многу сака да личи на својот идол што е подготвен дури и да создаде проблеми со властите.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО