Конор Мек Грегор и Кристијано Роналдо рамо до рамо во Ријад

Кристијано Роналдо и Конор Мек Грегор гостуваат на боксерската вечер во Ријад, Саудиска Арабија. Легендата на УФЦ седна до Роналдо и веднаш започна разговор со Турки Ал Шеик.

Турки почна да го испрашува Мек Грегор за можна борба меѓу него и Дмитри Бивол. Мек Грегор рече дека се согласува, но Бивол не е големо име. Ирската ѕвезда потоа почна да зборува за борба со Мани Пакијао. Мек Грегор во еден момент го спореди својот часовник со оној на фудбалската легенда.

Двајцата заедно ја гледаа победата на Бивол над Линдон Артур. По пресметката двајцата почнаа да се шетаат низ салата, а Мек Грегор истакна дека рингот е мал. Не е познато за што разговарале во текот на нивната средба, но интернетот е преполн со фотографии и мемиња кои покажуваат дека двајцата се забавуваат заедно. Но, има и такви кои велат дека Конор му досадувал на Кристијано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FREAK (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО