Конор Мек Грегор: Хабиб е дебела кучка со цицки

Поранешниот шампион на УФЦ во две категории, Конор Мек Грегор (22-6) го нападна поранешниот шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов (29-0).

Критиките излегоа како гром од ведро небо откако Мек Грегор ги повика борците да не ги коцкаат платите на нивните борби. Неодамна стана познато дека Рајан Гарсија и Џервонта Дејвис се договориле победникот од нивниот меч да ги собере парите на поразениот.

„Озлогласениот“ смета дека ова е глупаво и ги повика да не си ги даваат своите плати, бидејќи понекогаш среќата игра улога во борбата. Фановите почнаа да пишуваат дека Конор му ја должи платата на Хабиб, кој го здроби во нивната борба пред неколку години.

Мек Грегор не беше воодушевен од ова и напиша дека од денеска Нурмагомедов е само дебела кучка со цицки.

„Хабиб е веќе дебела кучка со цицки другар“, напиша Мек Грегор.

Очигледно Конор сè уште не може да го преболи поразот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО