Конор Мек Грегор е воодушевен од својот нов паб

Ирскиот УФЦ борец Конор Мек Грегор објави нова објава на социјалните мрежи, во која го потврди купувањето на паб во Хаут, предградие на Даблин.

Живата легенда на УФЦ позира пред пабот и планира да го развие. Најголемата ММА ѕвезда вели дека погледот од пабот во Хут е оној кој го одзема здивот. На почетокот на овој месец беше познато дека Конор тивко го купил пабот од локален бизнисмен.

Барот Вотерсајд во Хаут се наоѓа во близина на пристаништето. Ова купување е во прилог на двата пабови кои Мек Грегор веќе ги поседува: The Black Forge Inn во Крамлин и The Marble Arch во Дримнаг.

„Моето место е во Хаут! Планирам да ставам скапоцен камен во овој простор кој го одзема здивот. Со поглед на Ирска и пристаништето Хаут. Воодушевен сум!“, напиша Мек Грегор.

Еве ги фотографиите кои Мек Грегор ги објави од пабот во Хаут:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО