Конор Мек Грегор е на сосема друго ниво

Менаџерите на Конор Мек Грегор велат дека нивната ѕвезда е во најдобра форма во која се наоѓал со децении, како подготовка за следната борба – со Дастин Пориер во Абу Даби.

Ирецот, кој се пензионираше ова лето, се враќа на 23 јануари на реванш со Пориер за да го предводат УФЦ 257.

Поранешниот двократен шампион не се борел од јануари кога го победи ветеранот Доналд Цероне за 40 секунди во Лас Вегас. Тој има победа и над Пориее во перо категорија во 2014 година со ТКО во првата рунда.

Оди Атар, менаџерот на „Озлогласениот“ ги сподели впечатоците од една недела поминати со неговиот клиент и неговите тренинзи во Португалија.

„Тоа е најдобриот Конор што сум го видел, а со него сум скоро 10 години. Постојат разлики во психата, тоа е емоционалната интелигенција, самоконтролата. Времето што го поминува со своите деца помеѓу тренинзите се исплати.

Ова е одраз на сè што ни се случило досега – добро и лошо.

Никогаш не сум го видел таков Конор. Ова е во врска со предизвикот да бидеме нашата најдобра верзија. Не само физички, туку и ментално и духовно. Големо задоволство е да го видам.

Тој не треба да работи уште еден ден во животот. Заработи многу повеќе пари оваа година без да се бори. Бизнисот многу добро му оди. Но, гледам дека тој е гладен да се натпреварува, гладен да еволуира и да им докаже на своите лошо добронамерници кој е тој навистина“.

32-годишниот Мек Грегор активно тренира скоро 10 недели, планира да се врати во Даблин за Божиќ, а потоа да отпатува во Аби Даби во средината на следниот месец.

„Неговите вештини се веќе на друго ниво“, додаде Атар. „Вистина е така- на сите фронтови. Хемијата во тимот, тренерите, координацијата …”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО